Цените на акциите на светските берзи пораснаа минатата седмица, при што европскиот индекс STOXX 600 достигна рекордно ниво, делумно благодарение на надежите на инвеститорите за крај на војната меѓу Русија и Украина.
На Волстрит, индексот Dow Jones порасна за 0,5 отсто на 44.546 поени, додека S&P 500 порасна за 1,5 отсто на 6.114 поени, а индексот Nasdaq порасна за 2,6 отсто на 20.026 поени.
По двете седмици пад, овие индекси беа најмногу поттикнати минатата седмица со закрепнувањето на цените на акциите на неколку технолошки гиганти, како „Nvidia“, „Tesla“ и „Apple“, кои беа под притисок во претходните недели.

На пазарот позитивно влијаеше и одложувањето на воведувањето на царините. Имено, неодамна американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе воведе царини за увоз од сите земји кои наплаќаат царини за увоз на американски производи.
Се очекуваше тоа да се направи на почетокот од седмицата, но Белата куќа соопшти дека сѐ уште се анализира кон кои земји треба да се воведат или зголемат царини и дека заклучоците ќе бидат познати наскоро.
Додека ги одложуваше тие царини, Трамп потпиша одлука за зголемување на царините за увоз на челик и алуминиум од 10 на 25 отсто, што поттикна пораст на цените на акциите на американските производители на челик.
На пазарот позитивно влијаеа и надежите на инвеститорите дека војната меѓу Русија и Украина наскоро може да заврши, откако Трамп разговараше со претседателите на двете земји и најави мировни преговори.
Благодарение на сево ова, вестите за зајакнување на инфлацијата во јануари во САД останаа во втор план, што покажува дека американската централна банка нема многу простор за дополнително намалување на каматните стапки.
Цените на акциите на европските берзи пораснаа и минатата седмица, осма седмица по ред. Индексот STOXX 600 на најважните европски акции достигна ново рекордно ниво во текот на седмица, додека од почетокот на годината е во пораст за околу 9 отсто.
Минатата седмица лондонскиот FTSE индекс порасна за 0,4 отсто, на 8.732 поени, додека франкфуртски DAX скокна за 3,3 отсто, на 22.513 поени, а париски CAC за 2,6 отсто, на 8.178 поени.

Слични новости
Премиерот Мицкоски најави нови 500 милиони евра кредит, наменети за локални и регионални патишта
Премиерот рече дека 500-те милиони евра кредит ќе бидат вложени во реконструкција на локални, регионални и експресни патишта. Ќе се поврзуваат општина со општина со локални и регионални патишта.
Бојан Стојаноски од ВМРО ДПМНЕ најави дека во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ ќе се стави крај на криминалот на Пуцко Петрол
Пуцко Петрол 30 години имал статус на бела мечка во македонското општество, дозволено му било преку тендери да внесува што сака и како сака. Сега, во време на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се стави крај на неговото криминогено однесување, порача пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.
Венс: Се очекува договор на високо ниво за ТикТок до 5 април
Тикток се соочи со проблеми во САД откако на 19 јануари стапи во сила закон со кој се бара од сопствениците на Тикток кинеската компанија Бајтденс да го продадат, поради загрозување на американската национална безбеност или во спротивно ќе биде забранет.