Светска банка во најновиот извештај предупредува дека војната на Блискиот Исток ќе предизвика значителен раст на цените на енергенсите, кои во 2026 година би можеле да пораснат за околу 24 отсто.

Истовремено, вкупните цени на суровините се очекува да се зголемат за повеќе од 16 проценти, што дополнително ќе ја засили инфлацијата и ќе го забави глобалниот економски раст.

Цената на нафтата од типот Brent crude oil веќе во средината на април била повисока за 50 проценти во однос на почетокот на годината, а за 2026 година се прогнозира просечна цена од 86 долари за барел, во споредба со 69 долари во 2025 година.

Овие прогнози се базираат на оптимиситчки очекувања дека најтешките нарушувања ќе се стабилизираат до мај, а транспортот низ клучните рути ќе се нормализира до крајот на годината.

Слични новости

Загубени 92 000 работни места во САД во февруари

Загубени 92 000 работни места во САД во февруари

Според најновите податоци на Бирото за статистика на трудот на САД, економијата на САД изгубила околу 92.000 работни места, што претставува сериозен удар за економските очекувања и политичката реторика на Доналд Трамп.