Глобалната побарувачка на јаглен е поголема од кога било, објави во средата Меѓународната агенција за енергија (IEA).
Потрошувачката на јаглен силно закрепна по остриот пад за време на пандемијата на коронавирусoт, објави IЕА. Според проценките на агенцијата, оваа година би требало да изнесува рекордни 8,77 милијарди тони.
Побарувачката ќе остане релативно стабилна до крајот на 2027 година, бидејќи обновливите извори на енергија играат сè поголема улога во производството на електрична енергија и намалената потрошувачка на јаглен во Кина, очекува IEA.

Директорот на IЕА за енергетски пазари и безбедност, Кеисуке Садамори, изјави дека брзото користење на технологии за чиста енергија го менува глобалниот сектор на електрична енергија, кој сочинува две третини од светската потрошувачка на јаглен.
„Меѓутоа, временските фактори – особено во Кина, најголемиот светски потрошувач на јаглен – ќе имаат големо влијание врз трендовите на краткорочната побарувачка на јаглен. Брзината со која расте побарувачката за електрична енергија ќе биде, исто така, многу важна на среден рок“, рече Садамори.
Кинескиот сектор на електрична енергија е особено важен за глобалниот пазар на јаглен, бидејќи една третина од светската потрошувачка на јаглен се согорува во електроцентрачите во оваа земја.
Побарувачката на јаглен во Кина се очекува да порасне за еден процент на 4,9 милијарди тони во 2024 година, додека индиската би можела да се зголеми за повеќе од пет проценти до 1,3 милијарди тони.
Во ЕУ и САД побарувачката на јаглен годинава паднала за 12, односно пет отсто. Падот во 2023 година изнесуваше 23 и 17 проценти, соодветно.
Слични новости
Доларот падна, нафтата поскапе
На валутните пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути во понеделникот во претладневното тргување изгуби дел од минатонеделните добивки
Доларот зајакна во однос на кошницата валути, еврото под притисок
На валутните пазари американскиот долар порасна во однос на кошницата валути минатата седмица, по трите седмици пад, додека еврото ослабе, бидејќи избледеа надежите дека наскоро ќе започнат мировните преговори меѓу Русија и Украина
Значителен пад на Волстрит, европските берзи пораснаа 10. седмица по ред
На Волстрит, индексот S&P 500 значително падна минатата седмица, како и индексот Nasdaq, како резултат на притисокот врз технолошкиот сектор, додека европските берзи пораснаа, иако Вашингтон се заканува со царини на увозот од Европската унија