Светската банка изрази сериозна загриженост за економските последици од војната во Иран, предупредувајќи на раст на инфлацијата, губење работни места и нарушување на снабдувањето со храна.

Според институцијата, кризата веќе има глобално влијание и бара координиран меѓународен одговор.

Извршниот директор Паскал Донохо изјави дека се водат интензивни консултации со земјите членки за утврдување на приоритетите.

Тој посочи дека во наредните недели ќе стане појасна сликата за обемот на економските последици од конфликтот. Меѓувреме, најавено е партнерство со Меѓународен монетарен фонд и Меѓународна агенција за енергија за координиран одговор.

 

Слични новости

Бугарија целосно премина на евро

. Од 1 февруари, бугарскиот лев замина во историјата, а еврото стана единственото законско средство за плаќање во земјата, со што заврши и едномесечниот преоден период во кој двете валути истовремено циркулираа во прометот.