асовникот отчукува до „Денот на ослободувањето“, како што го нарече американскиот претседател Доналд Трамп во најавата за широк опсег царини против земјите во постојана трговска нерамнотежа со САД.
Потегот, најавен за среда, еден од многуте во кои Трамп ги искористи своите претседателски овластувања, беше поттикнат од неговото инсистирање дека најголемата светска економија е „измамена од секоја земја во светот“ и неговото верување дека се потребни реципрочни царини за да се врати паритетот.
Од друга страна, критичарите предупредуваат дека оваа стратегија го зголемува ризикот од глобална трговска војна, бидејќи предизвикува дополнителна одмазда од големите трговски партнери како Кина, Канада и Европската унија.
Големината на давачките што ќе бидат објавени во среда ќе се разликува од земја до земја, а точните планови остануваат нејасни.
„Очекувајте го неочекуваното“, рече Рајан Свит, главен американски економист во консултантската компанија Oxford Economics. Тие очекуваат од администрацијата на Трамп „да се насочи кон некои од најголемите престапници“.

Она што е во крајна линија важно е колку се широки царините и дали овој потег е само преговарачка тактика или дел од промена на режимот, проценуваат.
Трамп во неделата објави дека царините ќе ги опфатат сите земји и ја згасна секоја надеж дека може да се повлече. Сепак, тој вели дека царините ќе бидат „подарежливи“ од оние наметнати на САД.
Американските трговски партнери брзаат да ја намалат својата изложеност пред крајниот рок на Трамп, а извештаите сугерираат дека Индија може да намали некои царини.
Покрај реципрочните царини за земјите, Трамп би можел да објави и дополнителни даноци специфични за секторите како што се фармацевтските производи и полупроводниците. Сево ова надополнува на новите давачки за увозот на автомобили кои ќе стапат на сила од четврток.
Кина и Канада веќе воведоа контра-царини на американските стоки како одговор на претходните потези на САД, додека ЕУ ги откри своите мерки, кои треба да започнат во средината на април.
Претседателката на Европската централна банка (ЕСВ) Кристин Лагард во понеделникот изјави дека Европа се соочува со „егзистенцијален момент“.
„Тој го нарекува ‘Ден на ослободувањето’ во Соединетите држави. Јас го гледам тоа како момент кога треба колективно да одлучиме дека ќе преземеме поголема контрола над нашата судбина и мислам дека тоа е чекор кон независност“, изјави таа за радиото France Inter.
Канадскиот премиер Марк Карни му порача на Трамп дека неговата влада ќе воведе одмазднички тарифи по потегот на Вашингтон во средата.
Пред коментарите на Трамп во неделата, се очекуваше претстојната стрелба да ги таргетира 15 отсто од партнерите во постојаниот трговски дисбаланс со Соединетите држави, што американскиот министер за финансии Скот Бесент ги нарече „валканите 15“.
Соединетите држави имаат најголем трговски дефицит со Кина, ЕУ, Мексико, Виетнам, Тајван, Јапонија, Јужна Кореја, Канада и Индија.
„Со оглед на тоа што земјите бараат компромис, „целосно е можно“ новите тарифи да бидат брзо намалени или ставени во мирување“, проценува Грета Пеиш, партнерка во адвокатската компанија „Wiley Rein“.
Во февруари, забележува таа, високите даввачки за мексиканскиот и канадскиот увоз беа паузирани еден месец бидејќи северноамериканските соседи постигнаа напредок во преговорите.
„Има многу различни сценарија: одложувања додека траат разговорите, потенцијалните намалувања но и царини кои веднаш се наметнуваат“, вели Пејш, поранешна функционерја во канцеларијата на трговскиот претставник на САД.
Свит од Oxford Economics предупреди дека „темен облак на несигурност“ се наѕира над економијата.
Некои домашни производители на челик и синдикални лидери го поздравија неодамнешното зголемување на царините на Трамп за метали и автомобили.
Но, иако неговите предлози имаат цел да ја ревитализираат американската индустрија, тие вознемирија многу други индустрии.
Американскиот совет за автомобилска политика, кој ги претставува производителите на автомобили „Ford“, „General Motors“ и „Stellantis“, го цитираше извештајот на економистот Артур Лафер објавен во петокот, во кој се вели дека цаините за автомобили од 25 отсто би можеле да ги зголемат трошоците на возилата во САД и да ги нарушат синџирите на снабдување.
Нагласувајќи ја својата посветеност на економската визија на Трамп, Советот, сепак, повика на „чесно и предвидливо деловно опкружувањеа“.
И меѓународната асоцијација за производство свежи производи предупреди во писмото во четвртокот дека предложените царини на САД и одмаздата од други земји ја загрозуваат стабилноста на земјоделците и бизнисите.
Уште во февруари, националната федерација за малопродажба предупреди дека реципрочните цаини може да се покажат „исклучително деструктивни“, предупредувајќи на повисоки трошоци за домаќинствата и ерозија на нивната потрошувачка моќ.
Пошироко, компаниите имаат тенденција да ги одложуваат инвестициите кога правилата се нејасни и тоа може да влијае на вработувањето, објаснува економистот Свит.
Економистите, исто така, предупредуваат дека големите царини може да предизвикаат скок на инфлацијата доколку компаниите не успеат да ги апсорбираат дополнителните трошоци, пренесувајќи ги на потрошувачите.

Слични новости
САД воведoа нови санкции против Русија, првпат по инаугурацијата на Трамп
САД воведoа нови санкции против Русија, за првпат по инаугурацијата на Трамп
Израел ги прошири воените операции и зазема делови од Газа
Израел во средата најави значително проширување на воените операции во Газа, велејќи дека ќе заземе големи области од палестинската енклава и ќе ги додаде во своите безбедносни зони покрај масовната евакуација на населението
Унгарија планира да се повлече од МКС за време на посетата на Нетанјаху
Унгарија би можела да го објави своето повлекување од Меѓународниот кривичен суд (МКС) за време на посетата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху