Саудискиот престолонаследник Мухамед бин Салман го одби предлкогот на Израел, израелските оружени сили да се вклучат во воената кампања против Хутите пренесе израелскиот весник „Харец“.
Според пишувањето на весникот, премиерот Бенјамин Нетанјаху настојувал со помош на САД, да добие согласност од Саудиска Арабија за директно воено ангажирање на Израел во Јемен, но официјален Ријад ја одби понудата бидејќи смета дека воената соработка со Израел би можела да предизвика силно незадоволство на саудиската јавност.
Израел преку воената соработка заснивана врз заеднички безбедносни интереси сметаше дека тоа би можело да отвори и пат за нормализација на односите меѓу двете земји.
Саудиска Арабија и натаму го условува воспоставувањето на дипломатски односи со Израел преку решение на палестинското прашање, вклучувајќи создавање независна палестинска држава,
Претходно Хутите изведоа серија напади врз Саудиска Арабија вклучувајќи важна инфраструктура и напад врз меѓународниот аеродром во Ријад во кој загинаа 18 луѓе, а над 300 беа повредени.
Слични новости
Трагедија во Пакистан – 14 новороденчиња загинале во пожар во болница
Најмалку 14 новороденчиња починале откако избувнал пожар во одделението за породилиште во болница во пакистанскиот главен град Исламабад.
Пожарот избувнал во клима-уред во одделението за мајки и деца во болницата а бргу се проширил поради приклучоците за кислород, пренесуваат медиумите.
Десетици загинати, повеќе стотици исчезнати во ненадејна поплава во Непал
Речиси 400 луѓе, меѓу кои и најмалку 290 странски туристи, засега се водат како исчезнати. Меѓу исчезнатите има државјани на Индија, Австралија, Холандија, Јужна Африка, Велика Британија и Малезија.
Рубио до сојузниците: САД во моментов не планираат нови удари врз Иран
Американскиот државен секретар Марко Рубио ги извести сојузниците на САД дека Вашингтон во овој момент не планира нови напади врз Иран и дека наместо кон воена акција ќе се насочи кон заострување на санкциите и други облици на притисок врз Техеран.


