Деловната активност во Саудиска Арабија порасна во јануари со најсилното темпо во нешто повеќе од една деценија, со исклучок на производството на нафта, покажа истражувањето на S&P Global во вторникот.

Со исклучок на нафтата, индексот на менаџерите за набавка (PMI) за саудиската економија се зголеми за 2,1 поен во однос на декември на 60,5, што е највисоко ниво од септември 2014 година, покажуваат бројките на „Ryad Bank“, која го составува извештајот за S&P Global.

Вредностите над 50 поени сигнализираат зголемување на активноста, додека оние подолу укажуваат на намалување.

Растот на активноста првенствено се заснова на најголемиот скок на новите нарачки од јуни 2011 година. Побарувачката беше поддржана од поволните економски услови и новите инфраструктурни проекти, се вели во истражувачката белешка на „Ryad Bank“.

„Домашната побарувачка беше надополнета со пораст на нарачките за извоз, особено од земјите на Советот за соработка на Персискиот залив (GCC)“, вели главниот економист на „Riyad Bank“, Наиф Ал Гаит.

Покрај производството на нафта, Саудиска Арабија се обидува да развие и други економски сектори и овој процес напредува, заклучува S&P Global во септември минатата година, оценувајќи дека реформите ќе продолжат да ја стимулираат домашната побарувачка во следните неколку години, особено во секторот за лична потрошувачка и во туризмот и градежништвото.

Активноста во овие сектори порасна за 4,6 отсто во четвртиот квартал, посилна од економијата во целина, покажаа владините проценки. Овој сектор силно расте во изминатите десет години и веќе го надмина секторот за производство на нафта, истакнува S&P Global, издвојувајќи ги малопродажбата, финансиите и владата.

globe

Слични новости

Цената на нафтата се одржува под 76 долари

Цената на нафтата се одржува под 76 долари

Цените на нафтата се стабилизираа во понеделникот на меѓународните пазари под 76 долари, откако САД и Мексико најавија разговори непосредно пред планираното воведување царини, намалувајќи ги стравувањата од прекини во снабдувањето

Трендафилов: Официјалната потрошувачка кошница е обид за минимизирање на ССМ и за незголемување на платите

Трендафилов: Официјалната потрошувачка кошница е обид за минимизирање на ССМ и за незголемување на платите

ССМ ќе продолжи да ја пресметува минималната кошничка, а во креирањето официјална потрошувачка кошница што беше еден од заклучоците на денешната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС), гледа обид за минимизирање на синдикатите, како и обид за незголемување на платите (минималната и останатите плати).

Цените на гасот во Европа на највисоко ниво од есента 2023.

Цените на гасот во Европа на највисоко ниво од есента 2023.

Цените на гасот во Европа во понеделникот го достигнаа своето највисоко ниво за нешто повеќе од една година, со зголемена побарувачка поради ниските температури и укинувањето на ценовната граница ширум Европската унија