Саудиска Арабија привремено го затвори својот стратешки Исток-Запад нафтовод, откако тој беше погоден во напад со дронови за кои Ирак потврди дека биле лансирани од негова територија. Во нападот има повредени, а причинетата материјална штета сè уште се проценува.
Нафтоводот долг околу 1.200 километри е од клучно значење за извозот на саудиската нафта, бидејќи овозможува транспорт до Црвеното Море и ја намалува зависноста од стратегиски важниот Ормутски теснец.
Според проценки на аналитичари и компании за следење на танкерскиот сообраќај, преку него се транспортираат околу 4 до 5 отсто од глобалната понуда на нафта.
Саудиска Арабија засега нема да возврати, но предупреди дека го задржува правото да преземе мерки за заштита на својата безбедност и инфраструктура.
Слични новости
Трамп се закани со нов воен удар: Следна цел може да биде подземниот нуклеарен комплекс
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Соединетите Американски Држави „воопшто не завршиле“ со Иран и предупреди дека следна цел може да биде тајниот подземен нуклеарен комплекс познат како „Пикакс маунтин“.
САД со нови напади врз Иран
Соединетите Американски Држави извршија нов бран воздушни напади врз ирански воени цели, соопшти американската Централна команда, наведувајќи дека биле погодени командни центри, ракетни и беспилотни системи, како и објекти за противвоздушна одбрана.
САД извршија нови удари врз Иран, Техеран возврати со напади врз Бахреин и Кувајт
Најновите напади покажуваат дека САД и Иран се приближуваат кон општа војна по распадот на минатомесечниот привремен договор кој требаше крајно да ги оконча судирите. Истовремено, речиси е целосно запрен поморскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец.

