Саудиска Арабија привремено го затвори својот стратешки Исток-Запад нафтовод, откако тој беше погоден во напад со дронови за кои Ирак потврди дека биле лансирани од негова територија. Во нападот има повредени, а причинетата материјална штета сè уште се проценува.
Нафтоводот долг околу 1.200 километри е од клучно значење за извозот на саудиската нафта, бидејќи овозможува транспорт до Црвеното Море и ја намалува зависноста од стратегиски важниот Ормутски теснец.
Според проценки на аналитичари и компании за следење на танкерскиот сообраќај, преку него се транспортираат околу 4 до 5 отсто од глобалната понуда на нафта.
Саудиска Арабија засега нема да возврати, но предупреди дека го задржува правото да преземе мерки за заштита на својата безбедност и инфраструктура.
Слични новости
Техеран: Уништени над 200 непријателски дронови и авиони
Иранските системи за противвоздушна одбрана соборија повеќе од 200 непријателски летала за време на воениот конфликт со САД и Израел, вклучувајќи дронови и авиони со посади, изјави заменик командантот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда Мостафа Изади.
Трамп: Ми се допаѓа идејата Ормутскиот теснец да се прогласи како територија на САД
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му се допаѓа идејата Ормутскиот теснец кој се наоѓа меѓу Персискиот и Оманскиот залив да се прогласи како територија на САД, навдувајќи дека Америка веќе го контролира.
Нови стравувања од ескалација: Истекува спогодбата меѓу САД и Иран, преговорите неизвесни
Меморандумот за разбирање што го потпишаа САД и Иран насочен кон окончување на војната траеше 60 дена и денеска истекува. Двете страни со недели заемно се обвинуваат за кршење на договорот и има слаби сигнали дека која и да е од страните е подготвена да го продолжи договорот.


