Сараево во четвртокот трет ден со ред се најде на врвот на листата на главни градови со најмногу загаден воздух во светот и концентрација на ситни честички прашина, кои се најопасни за здравјето на дишните патишта, во раните утрински часови бил дури 40 пати поголем од дозволеното со стандардите на Светската здравствена организација (СЗО).
Според податоците собрани од швајцарската веб-страница AirQualiy, квалитетот на воздухот во Сараево во четвртокот бил во категоријата нездрав.

Високото ниво на штетни материи во воздухот во Сараево е резултат на котлинската позиција на градот и честите температурни инверзии во зимскиот период, кои создаваат „ефект на капак“ во овој град, а кога нема ветер како оваа седмица тоа оди во прилог на повеќедневни магли кои дополнително влијаат на квалитетот на воздухот.
Постојаниот проблем на Сараево е постојаниот сообраќаен метеж предизвикан од големиот број возила во градскиот сообраќај, како и големиот број индивидуални камини во кои за греење се користат цврсти горива.
Во четвртокот Сараево беше четврти најзагаден град по индискиот главен град Њу Делхи, пакистански Лахоре и вториот по големина индиски град Мумбаи.
Градските власти во Сараево упатија предупредување и покана до жителите да го намалат движењето на отворено на минимум и очекуваат подобрување на состојбата со промената на времето најавена за крајот на седмицата.

Слични новости
Голема лавина во турски скијачки центар предизвика паника
Голема лавина удри на падините на Паландокен, еден од најпозантите зимски центри во Турција близу Ерзурум. Како што известуваат турските медиуми, некои од гостите ги фатила паника, меѓутоа никој не бил повреден.
Поплави на грчкиот остров Кефалонија, предупредување за невреме на Закинтос
Сериозни проблеми на патната инфраструктура и поплави предизвика невремето што од синоќа го зафати грчкиот остров Кефалонија, а денеска до жителите беше испратена порака од бројот за итни случаи 112 да ги ограничат нивните движења
Србија: Уапсена група осомничени за злоупотреби вредни над два милиони евра
Во неколку српски градови во петокот, во втората акција оваа седмица, уапсени се уште 13 лица осомничени за злоупотреби вредни над два милиони евра, соопшти главниот обвинител на Вишото јавно обвинителство