Сараево во четвртокот трет ден со ред се најде на врвот на листата на главни градови со најмногу загаден воздух во светот и концентрација на ситни честички прашина, кои се најопасни за здравјето на дишните патишта, во раните утрински часови бил дури 40 пати поголем од дозволеното со стандардите на Светската здравствена организација (СЗО).
Според податоците собрани од швајцарската веб-страница AirQualiy, квалитетот на воздухот во Сараево во четвртокот бил во категоријата нездрав.

Високото ниво на штетни материи во воздухот во Сараево е резултат на котлинската позиција на градот и честите температурни инверзии во зимскиот период, кои создаваат „ефект на капак“ во овој град, а кога нема ветер како оваа седмица тоа оди во прилог на повеќедневни магли кои дополнително влијаат на квалитетот на воздухот.
Постојаниот проблем на Сараево е постојаниот сообраќаен метеж предизвикан од големиот број возила во градскиот сообраќај, како и големиот број индивидуални камини во кои за греење се користат цврсти горива.
Во четвртокот Сараево беше четврти најзагаден град по индискиот главен град Њу Делхи, пакистански Лахоре и вториот по големина индиски град Мумбаи.
Градските власти во Сараево упатија предупредување и покана до жителите да го намалат движењето на отворено на минимум и очекуваат подобрување на состојбата со промената на времето најавена за крајот на седмицата.

Слични новости
Одложена е исплатата од Планот за раст на ЕУ за земјите од Западен Балкан
Првите исплати од Европскиот план за раст нема да бидат извршени во првиот дел од оваа година. Според објаснувањето на прес-службата на Европската комисија (ЕК), плаќањата нема да се вршат пред средината на оваа година
Земјотрес со јачина од 4,8 степени на Света Гора
Земјотресот на третиот крак на Халкидики бил почувствуван и во Солун и градови од северна Грција, а засега нема информации за материјална штета.
Српските студенти со огромен протест во Крагуевац
Митингот во централниот индустриски град Крагуевац привлече десетици илјади луѓе кои, додека бараа правда за несреќата, повикаа на искоренување на неконтролираната корупција и почитување на владеењето на правото.