Сараево во четвртокот трет ден со ред се најде на врвот на листата на главни градови со најмногу загаден воздух во светот и концентрација на ситни честички прашина, кои се најопасни за здравјето на дишните патишта, во раните утрински часови бил дури 40 пати поголем од дозволеното со стандардите на Светската здравствена организација (СЗО).
Според податоците собрани од швајцарската веб-страница AirQualiy, квалитетот на воздухот во Сараево во четвртокот бил во категоријата нездрав.

Високото ниво на штетни материи во воздухот во Сараево е резултат на котлинската позиција на градот и честите температурни инверзии во зимскиот период, кои создаваат „ефект на капак“ во овој град, а кога нема ветер како оваа седмица тоа оди во прилог на повеќедневни магли кои дополнително влијаат на квалитетот на воздухот.
Постојаниот проблем на Сараево е постојаниот сообраќаен метеж предизвикан од големиот број возила во градскиот сообраќај, како и големиот број индивидуални камини во кои за греење се користат цврсти горива.
Во четвртокот Сараево беше четврти најзагаден град по индискиот главен град Њу Делхи, пакистански Лахоре и вториот по големина индиски град Мумбаи.
Градските власти во Сараево упатија предупредување и покана до жителите да го намалат движењето на отворено на минимум и очекуваат подобрување на состојбата со промената на времето најавена за крајот на седмицата.

Слични новости
Радев е категорично против испраќање бугарски војници во Украина
Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека е категорично против испраќање бугарски војници во Украина, без разлика на формата
Милановиќ положи заклетва за вториот мандат како претседател на Хрватска
Зоран Милановиќ денеска свечено положи заклетва за втор мандат претседател на Хрватска пред претседателот на Уставниот суд, Мирослав Шепаровиќ, ветувајќи лојалност кон Уставот и оти ќе ја извршува должност за доброто на хрватскиот народ и хрватските граѓани
Во Турција уапсени речиси 300 осомничени за тероризам
Во изминатите пет дена турските власти уапсија речиси 300 „осомничени членови на терористички организации“ во акција насочена против Работничката партија на Курдистан