Сараево во четвртокот трет ден со ред се најде на врвот на листата на главни градови со најмногу загаден воздух во светот и концентрација на ситни честички прашина, кои се најопасни за здравјето на дишните патишта, во раните утрински часови бил дури 40 пати поголем од дозволеното со стандардите на Светската здравствена организација (СЗО).
Според податоците собрани од швајцарската веб-страница AirQualiy, квалитетот на воздухот во Сараево во четвртокот бил во категоријата нездрав.

Високото ниво на штетни материи во воздухот во Сараево е резултат на котлинската позиција на градот и честите температурни инверзии во зимскиот период, кои создаваат „ефект на капак“ во овој град, а кога нема ветер како оваа седмица тоа оди во прилог на повеќедневни магли кои дополнително влијаат на квалитетот на воздухот.
Постојаниот проблем на Сараево е постојаниот сообраќаен метеж предизвикан од големиот број возила во градскиот сообраќај, како и големиот број индивидуални камини во кои за греење се користат цврсти горива.
Во четвртокот Сараево беше четврти најзагаден град по индискиот главен град Њу Делхи, пакистански Лахоре и вториот по големина индиски град Мумбаи.
Градските власти во Сараево упатија предупредување и покана до жителите да го намалат движењето на отворено на минимум и очекуваат подобрување на состојбата со промената на времето најавена за крајот на седмицата.

Слични новости
Кипар се соочува со проблеми во снабдувањето со електрична енергија
Прекинот на работата на одредени блокови поради планирано одржување, дефектите на две станици, но и ниските температури, создадоа проблеми во снабдувањето со електрична енергија во Република Кипар, а како што пишуваат кипарските медиуми во изминатите 24 часа мрежата била зајакната со „проток на струја од окупираните територии“
Србија: 50 фирми цел во продолжувањето на акцијата за откривање и процесуирање корупцијата
Припадници на даночната полиција и на Внатрешната служба за приходи, по наредба на Специјалното одделение за сузбивање на корупцијата на Вишото јавно обвинителство во Белград, влегле во повеќе од 50 фирми во различни градови во Србија за да извршат проверка на нивната деловна активнос
Од летото Бугарија ги зголемува сите пензии за 11 отсто
Бугарската влада одлучи од 1. јули линерано сите пензии во државата да бидат зголемени за 11 отсто