Кошаркарите на Сан Антонио на гостински терен ја декласираа екипата на Минесота со 139:109 во шестиот напревар на плеј офот на Западната конференција на НБА лигата и се пласираа во финалето каде што ќе играат против Оклахома.

Сан Антонио направи предност против МИнесота уште од самиот старт која во втората четвртина се искачи на 29 поени разлика и мечот беше практично решен уште во првото полувреме.

„Спарси“ ги предводеше Стефон Касл со 32 коша, Деарон Фокс постигна 21, а Вемнејама постигна 19 поени и повторно целосно го заштити обрачот на Сан Антонио.

Спарси во финалето ќе играат против Оклахома која претходно двете серии со Портланд и Лејкерс ги победи со „метли“ од 4:0 и досега нема ниту еден пораз во плеј офот.

 

Слични новости

Тотенхем бара вина за лошата сезона во судењето

Според извори на Би Би Си Спорт, клубот посебно се фокусирал на недоследните одлуки што доведоа да се признаат или поништат голови по контакти во шеснаесетникот. Тотенхем смета дека е оштетен во повеќе наврати во текот на сезоната.