Сан Антонио со победа во седмиот решавачки натпревар од серијата со Оклахома на гостински терен направи брејк, ја освои титулата шампион на западната конференција и се пласираше во финалето на НБА лигата.

Сан Антонио утринава победи во решавачкиот меч со 111:103 и се пласира во своето прво финале од 2014.

Кај шампионот Оклахома најдобар поединец беше Шеи Гилџес Александар кој постигна 35 коша, но и тие не беа доволно за да се избегне поразот.

Кај Сан Антонио најдобри беа лидерот на тимот Вембенјама и Шампањи кој постигна шест тројки.

Финалето меѓу Сан Антонио и Њујорк почнува во среда ноќе.

Слични новости

Голманот на Баерн Минхен Мануел Ноер поради повреда ќе го пропушти натпреварот со Аталанта

Ноер го напушти теренот на полувремето во победата на Баерн Минхен врз Борусија Менхенгладбах, а според последните информации клубот не сака да ризикува посериозна повреда на Ноер.