Сан Антонио со победа во седмиот решавачки натпревар од серијата со Оклахома на гостински терен направи брејк, ја освои титулата шампион на западната конференција и се пласираше во финалето на НБА лигата.

Сан Антонио утринава победи во решавачкиот меч со 111:103 и се пласира во своето прво финале од 2014.

Кај шампионот Оклахома најдобар поединец беше Шеи Гилџес Александар кој постигна 35 коша, но и тие не беа доволно за да се избегне поразот.

Кај Сан Антонио најдобри беа лидерот на тимот Вембенјама и Шампањи кој постигна шест тројки.

Финалето меѓу Сан Антонио и Њујорк почнува во среда ноќе.

Слични новости

Две различни филозофии во финалето на Лигата на шампионите

Две различни филозофии во финалето на Лигата на шампионите

Вечерва на „Пушкаш Арената“ во Будимпешта ќе се одигра финалето на Лигата на шампионите во фудбал меѓу Арсенал и ПСЖ. ПСЖ е бранител на титулата откако во минатогодишното финале го декласираше Интер со 5:0, а со втора освоена титула по ред би станале „династија“.

Мауруцио Сари заминува од Лацио

Мауруцио Сари заминува од Лацио

Искусниот италијански тренер Мауруцио Сари ја оконча соработката со Лацио, само една година откако беше поставен за шеф на стручниот штаб на тимот од Рим.