По брејкот што го направи Минесота на гостински терен во воведниот натпревар од серијата, тимот на Сан Антонио Спарс утринава жестоко возврати и победи со убедливи 133:95, со што и го нанесоа најтешкиот пораз на Минесота во еден плеј оф натпревар.

Виктор Вембенјама даде 19 поени и имаше 15 скокови, Кестл даде 21 кош,  а ДеАрон Фокс постигна 19 коша за победничкиот тим. Сан Антонио имаше просек на шут од 50%, и повеќе од 40 години не бил вака ефикасен во еден плеј оф натпревар.

Кај Минесота Едвардс, Мекданиелс и Рендл дадоа по 12 кошеви.

Следните два натпревари се играат во Минеаполис.

Слични новости

Крај на кариерата на Линдзи Вон

Последните информации се дека таа ја скршила левата нога врз која и е извршена операција. Само два месеци пред почетокот на Олимписките игри Линдзи Вон ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено