По брејкот што го направи Минесота на гостински терен во воведниот натпревар од серијата, тимот на Сан Антонио Спарс утринава жестоко возврати и победи со убедливи 133:95, со што и го нанесоа најтешкиот пораз на Минесота во еден плеј оф натпревар.
Виктор Вембенјама даде 19 поени и имаше 15 скокови, Кестл даде 21 кош, а ДеАрон Фокс постигна 19 коша за победничкиот тим. Сан Антонио имаше просек на шут од 50%, и повеќе од 40 години не бил вака ефикасен во еден плеј оф натпревар.
Кај Минесота Едвардс, Мекданиелс и Рендл дадоа по 12 кошеви.
Следните два натпревари се играат во Минеаполис.
Слични новости
Упамекано останува во Баерн Минхен до 2030
Францускиот фудбалер Дајо Упамекано го продолжи договорот со Барен од Минхен до 30 јуни 2030-татата година, соопшти клубот од Баварија.
Крис Пол ја заврши НБА кариерата на 40 години
Торонто Рапторс го отпуштија Крис Пол, јавија американските медиуми и со тоа ја завршија големата кариера на еден од најдобрите плејмејкери во НБА во своето време.
Нов трипл-дабл на Јокиќ за Денвер
Јокиќ постигна 26 коша, 15 скокови и 11 асистенции и сезонава на 39 одиграни натпревари има 20 трипл-даблови.