На отварање на финалната серија на Западот меѓу Оклахома сити и сан Антонио гледачите уживаа во вистински спектакл кој беше решен во полза на сан Антонио дури по две продолженија. Французинот Виктор Вембенјама имаше неверојатна партија со 41 поен, 24 скокови и 3 блокади.
Во ноќта во која го прими својот втор МВП тофеј Шеи Гилџес Александар даде 24 коша со 12 асистенции, но со очаен шут 7 од 23. Кај ОКлахома блескаше Алекс Карузо, како во одбраната, така и во нападот каде што беше најефикасниот поединец на Оклахома со 31 кош.
Ова е прв пораз на Оклахома во плеј офот, а победата е уште повредна за гостинскиот тим кој настапи без Деарон Фокс кој е повреден.
Слични новости
Слот по 20-иот пораз: Ќе бидеме подобри идната сезона
Фудбалерите на Ливерпул синоќа го забележаа 20-иот пораз во сезоната откако беа совладани од Астон Вила со 4:2. Ливерпул е сега петти на табелата и во последното коло на домашен терен ќе мора да го победи Брентфорд за да обезбеди учество во Лигата на шампионите
Сан Антонио ја декласираше Оклахома и закажа спектакл со Оклахома во финалето на Западната конференција
Кошаркарите на Сан Антонио на гостински терен ја декласираа екипата на Минесота со 139:109 во шестиот напревар на плеј офот на Западната конференција на НБА лигата и се пласираа во финалето каде што ќе играат против Оклахома.
Детроит направи брејк во Кливленд израмни на 3:3 и се избори за мајсторка на домашен терен
Детроит повторно победи во натпревар кој Американците го означуваат како „победи или оди си дома“, откако во претходната серија со Орландо победи на 3 такви натпревари и се врати од 1:3.


