Иако ослабени без суперѕвездата Виктор Вембенјама Сан Антонио Спурс извојуваа победа на гостински терен против Денвер Нагетс во исклучително ефикасен натпревар кој заврши 139:136.

Најдобар поединец во тимот на Сан Антониот беше Девин Васел кој постигна 35 коша, а Џулијан Шампањи постигна 25.

Кај Денвер Нагетс најефикасен беше Џамал Мари со 37 коша, Камерон Џонсон постигна 28, а Никола Јокиќ 21.

По поразот Денвер кој беше второпласиран падна на петтата позиција на Западната конференција каде што неприкосновена е Оклахома со само еден пораз, а сега второто место го заземаат Лејкерс.

Слични новости