Шпанскиот премиер Педро Санчез, во интервју објавено денеска, рече дека евентуална американска инвазија на Гренланд би го направила Путин „најсреќен човек на планетата“.
Тој предупреди дека секоја воена акција на САД против големиот дански арктички остров ќе направи сериозна штета на НАТО и ќе даде легитимитет на руската агресија на Украина. „Ако САД применат сила, тоа би била смртна пресуда за НАТО. Путин би бил двојно среќен“, додаде Санчез.
„Ако се фокусираме на Гренланд, мора да кажам дека евентуална американска инвазија на таа територија би го направила Владимир Путин најсреќен човек на планетата. Зошто? – Затоа што ќе даде легитимитет на неговиот обид за инвазија на Украина“, одговори Санчез во интервју за весникот „Ла Вангардиа“.
Американскиот претседател Доналд Трамп во саботата се чини дека го заостри ставот кон Гренланд, заканувајќи се со зголемување на царините за европските сојузници додека не се дозволи на САД да го купат островот.
Во објава на платформата „Трут Сошл“, Трамп наведе дека дополнителните царини од 10 отсто ќе стапат на сила на 1 февруари за сета стока од Данска, од Норвешка, од Франција, од Германија. од Шведска, од Велика Британија, од Холандија и од Финска. Според него, царините ќе се зголемат на 25 отсто од 1 јули и ќе останат на сила сè додека САД не го купат Гренланд.
Слични новости
Во Словенија почна изборниот молк пред неизвесните парламентарни избори
Најновите анкети пред изборите покажуваат дека на владејачкото левичарско-либерално Движење за слобода на премиерот Роберт Голоб му се верува најмногу.
Трамп најави смален интензитет на војната со Иран
„Блиску сме до постигнување на нашите цели и сега размислуваме да ги намалиме нашите обемни воени напори“, напиша Доналд Трамп на платформата Трут Соушал.
Техеран испука балистички ракети кон базата „Диего Гарсија“ на 4.000 километри од брегот на Иран
Иранскиот напад предизвика загриженост во Вашингтон бидејќи Техеран со години тврди дека дострелот на неговите ракети е 2.000 километри, додека нападот покажува дека Иран има капацитет да нападне цели и на 4.000 километри.


