Парламентарните избори на 11. мај, Албанија ќе ја чинат повеќе од планираниот износ, посебно поради гласањето на дијаспората, за што поштенските трошоци паѓаат на товар на Централната изборна комисија, (ЦИК), како и потребата од ангажирање дополнителен број, од 80 лица, за пребројување на гласачките ливчиња, поради големиот број регистрирани за гласање од дијаспората.
Правото на глас на дијаспората, што се случува првпат ги поскапи изборите на 11 мај. Претседателот на ЦИК, Илирјан Челибаши побара од владата 9,3 милиони евра дополнителни средства, бидејќи бројките на регистрирани гласачи од дијаспората ги надминаа сите предвидувања. ЦИК имаше резервен фонд од 5 милиони евра за да плати поштарина за 100 илјади гласачи, но оваа бројка сега е двојно поголема, објавија медиумите.
Според Комисијата, бројката до 4. март, до кога е пријавувањето за гласање на дијаспората, може да надмине 250 илјади гласачи, поради што Целибаши бара уште 7,5 милиони евра, со што сметката само за оваа услуга е 12,5 милиони евра.

ЦИК побара и средства за други дополнителни услуги за парламентарните избори, вклучително и 870 илјади евра за електронско гласање, кое ќе се применува во повеќе општини во Тирана.
За изборите, кои се 11-ти по ред во Албанија, по соборувањето на комунистичкиот режим, до синоќа на полноќ до кога беше рокот за пријавување, регистрирани се 49 политички партии, додека не е пријавен ниту еден независен кандидат. Од денес почна рокот за пријавување на изборни коалиции, што ќе трае до 3. март.
Во единствениот избирачки список се наоѓаат 3.721.116 лица со право на глас. Доколку се направи споредба со резултатите од пописот произлегува дека бројот на гласачи е поголем за 1.319.003 од бројот на жители, кој според пописните резултати изнесува 2.402.113 жители.
Слични новости
Романија: Одбиена жалбата на Џорџеску против забраната за кандидирање на претседателските избори
Жалбата на романскиот крајно десничарски европскептичен политичар Калин Џорџеску против одлуката да му се забрани да се кандидира на повторените претседателски избори во земјата беше отфрлена во вторникот
Украина го прифати американскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот со Русија, САД велат дека сè е до Русија сега
Украина се согласи на непосреден 30-дневен прекин на огнот во војната со Русија за време на разговорите со американските претставници во Саудиска Арабија, се вели во заедничката изјава на земјите, а Вашингтон веднаш ќе продолжи со споделување разузнавачки информации и „безбедносна помош“ за Украина
Пакистанските сепаратисти земаа 182 заложници
Безбедносните сили соопштија дека се слушнала експлозија во близина на тунелот и дека имало размена на оган со милитантите во планинската област