Само еден од двајцата мажи уапсени по нападот со нож во кој беа повредени најмалку единаесет лица во воз во Англија сега се смета за осомничен, соопшти полицијата во неделата вечерта.
Истражителите „можат да потврдат дека 32-годишен маж, кој беше уапсен, сега се смета за единствен осомничен“ во нападот, додека вториот уапсен, 35-годишен маж, е ослободен, соопшти Британската транспортна полиција (BTP).
Полицијата, исто така, објави дека пет од 11-те жртви на нападот со нож во Хантингдон сега се пуштени од болница, а една жртва е сè уште во животозагрозувачка состојба. Станува збор за член на железничкиот персонал кој се обидел да го спречи нападот.
Претходно во текот на денот, британската полиција објави дека двајца британски државјани се осомничени за напад со нож, кој, според првичните проценки, не се смета за терористички чин, туку за изолиран инцидент. Нападот се случил во саботата навечер на линијата Донкастер-Лондон Кингс Крос, а возот бил запрен во 18,25 часот по локално време на станицата Хантингдон.
Во разговор за телевизијата Sky News во неделата утрото, британскиот министер за одбрана Џон Хејли рече дека „нема причина останатите од нас да не продолжиме со нашите животи“, опишувајќи го нападот како „изолиран“.
„Од првата проценка, ова беше изолиран инцидент, изолиран напад“, рече Хејли, објаснувајќи дали нападот бил поврзан со тероризам. „Но, ние ќе ѝ ги соопштиме тие видови заклучоци, натамошните проценки и тие информации на јавноста штом ќе ги собереме“, рече тој.
Како што објави британскиот радиодифузер BBC, полицијата, исто така, објави дека на местото на настанот е пронајден нож употребен во нападот и дека е во тек подетална истрага за околностите на нападот, кој е класифициран како обид за убиство.
Слични новости
Двата гола на Хојлунд го донесоа Наполи на врвот на табелата
Фудбалерите на Наполи се искачија на врвот на табелата во италијанското првенство со победата од 2:1 на домашен терен во последниот неделен натпревар од 14-то коло против Јувентус
Замир постави нова граница со Појасот Газа
Началникот на Генералштабот на израелската армија, Ејал Замир, изјави дека линијата до која се повлекоа израелските сили сега е новата граница меѓу Израел и палестинските територии
Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе
Индонезија се справува со последиците од масовните лизгања на земјиштето и ненадејните поплави предизвикани од циклонот на островот Суматра минатата седмица, при што бројот на жртвите во неделата надмина 900 луѓе


