По доставена иницијатива од граѓани за спроведување вонреден инспекциски надзор, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во Скопје, спровела контрола кај оператор со храна кој стопанисува со киосци (тобако), каде е затекнато поголемо количество небезбедна храна со поминат рок.
За утврдениот прекршок, соопштија денеска од АХВ, инспекциските служби на Агенцијата издале решение за уништување на 1920 килограми небезбедната храна повлечена од неколку киосци со кои стопанисувал операторот. За сторениот прекршок, изречена е парична казна.
„При спроведена вонредна инспекциска контрола во угостителски објект во Битола, затекната е небезбедна храна во количина од 241 килограм, која по издадено решение од инспектор нештетно е уништена. За пуштање во промет на небезбедна храна на операторот изречена му е казна во висина од 600 евра во денарска противвредност, а со 300 евра во денарска противвредност, казнето е и одговорното лице во правниот субјект. Дополнително, на овој оператор со храна изречена му е и казна од 300 евра и 150 евра во денарска противвредност за одговорното лице во правното лице за неизвршени задолжителни здравствени прегледи за вработените“, соопшти АХВ.
При редовен инспекциски надзор, во Охрид, со 1400 евра (1000 евра за правното и 400 евра за одговорното лице во правното лице) во денарска противредност, казнет е и маркет за пуштање во промет на небезбедна храна (сувомесни производи и мелено месо) кои биле без декларација и со поминат рок на употреба. Заради неспроведени задолжителни здравствени прегледи на вработените, во Охрид, соопштија од АХВ, парично казнета е и месарница.
Слични новости
Откриената ќелија на ИСИС планирала терористички акти врз јавни објекти
Откриената терористичка група, ќелија на терористичката организација ИСИС, формирана од четири лица, а во која членувале и други засега непознати лица, планирала терористички акт на цивилни цели и јавни објекти, информира министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Мицкоски: Груби заедно со стопанственик со дипломатско возило вчера ја напуштил Македонија и заминал во Косово
Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, заедно со уште едно лице со дипломатско возило, вчера ја напуштил земјава и заминал во Косово
Финансиската полиција со кривична пријава против поранешен генерален директор на Државната лотарија
Управата за финансиска полиција, до Oсновното јавно обвинителство Скопје, денеска поднела кривична пријава против П.Б. во својство на генерален директор во Акционерско друштво за приредување игри на среќа Државна лотариј, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување