Челниците на земјите-членки на Европската унија ја започнаа во четврток вечерта дискусијата за финансирање на Украина врз основа на нов предлог што би им дал на Белгија и на другите земји-членки кои се скептични во врска со користењето на руските запленети средства „неограничени гаранции“ во случај Русија да ги добие правните битки за незаконското манипулирање со нејзините средства.

Челниците на земјите-членки на ЕУ, кои се собраа на самитот во Брисел во текот на четвртокот, разговараа за сите теми на дневен ред, а најчувствителното прашање го оставија за крај – како да се обезбеди финансирање за Украина во следните две години.

Најверојатната опција за финансирање на Украина е таканаречениот „репарациски бескаматен заем“ со користење на замрзнати руски средства. Сепак, најголем отпор на овој предлог дава Белгија, земјата каде што се наоѓа најголемиот дел, 185 милијарди евра од вкупно 210 милијарди коишто се запленети во ЕУ.

Белгија бара целосна солидарност од другите членки и бара неограничена гаранција за сите можни ризици во случај Русија да успее да ги добие споривите на арбитражните судиви во земјата и во странство.

Сега на Белгија ѝ се понудени „неограничени“ гаранции според најновиот предлог, но ова би можело да биде проблем за некои влади на земјите-членки, кои можеби ќе треба да побараат поддршка во своите парламенти за такво решение.

globe

Слични новости

Францускиот парламент не постигна договор за буџетот за 2026 година

Францускиот парламент не постигна договор за буџетот за 2026 година

Француските пратеници не успеаја во петогот да постигнат компромисен закон за буџетот за 2026 година, според кој намалувањето на јавните трошоци ќе продолжи во новата година и ќе се гласа за итен привремен буџет додека не се донесе вистински