Столбот на одбраната на Арсенал и на француската репрезентација Вилијам Салиба најверојатно ќе мора да се лекува од повреда неколку недели. Француските медиуми пишуваат дека Салиба бил повреден и пред финалето на Лигата на шампионите во саботата, но сакал да игра по секоја цена и така ја влошил ситуацијата со повредата.
Според последните информации, Салиба го очекува повеќенедела пауза и најверојатно ќе мора да го пропушти Светското првенство во фудбал.
Селекторот на Франција Дидие Дешамп сакаше стоперскиот тандем да го сочинуваат Салиба и Упамекано, но најверојатно втор стопер сега ќе биде Ибрахим Конате од Ливерпул.
Салиба сезонава одигра над 50 натпревари и неговото тело попушти под огромниот напор.
Слични новости
Жозе Мурињо за прв асистент го бара Аитон Каранка
Мурињо побарал од Флорентино Перез да го врати на позицијата негов прв асистент Аитон Каранка, кој му беше асистент додека Мурињо го водеше Реал. Каранка во меѓувреме направи самостојна тренерска кариера и ги водеше Мидлсборо, Нотингем Форест, Бирмингем и Гранада.
Арсенал пред титула во Премиер лигата, Сити вечерва против Борнмут во обид да ја продолжи неизвесноста до последното коло
Манчестер сити вечерва игра против Борнмут и доколку не победи, Арсенал ќе ја прослави титулата. Менаџерот на Арсенал Микел Артета рече дека сите ќе го гледаат тој меч и дека се е можно во Премиер лигата.
Сан Антонио направи брејк во финалето на западот против шампионот Оклахома со спектакуларна партија на Вемби
На отварање на финалната серија на Западот меѓу Оклахома сити и сан Антонио гледачите уживаа во вистински спектакл кој беше решен во полза на сан Антонио дури по две продолженија. Французинот Виктор Вембенјама имаше неверојатна партија со 41 поен, 24 скокови и 3 блокади.


