Иако оваа сезона во Лигата на шампионите и Премиер лигата постигна 22 гола и впиша 17 асистенции, египетскиот напаѓач Мохамед Салах најверојатно ќе го напушти Ливерпул, објавија британските медиуми.
Трисест идвегодишниот Салах, кој е најплатен играч на „Црвените“ со годишна плата од 22 милиони евра, има договор кој истекува на 30-ти јуни оваа година. Тренерот Арне Слот сепак упорно избегнува да одговара на новинарските прашања за иднината на египетскиот интернационалец во клубот од „Енфилд“.
Салах оваа сезона во Премиер лигата постигна 19 гола и подели 13 асистенции, додека во Лигата на шампионите постигна три гола и четири пати асистираше. Британските медиуми пишуваат дека Салах најверојатно ќе ја прифати понудата од саудискиот шампион Ал-Хилал, кој го раскина договорот со бразилската ѕвезда Нејмар.
Египетскиот напаѓач е во Ливерпул од 2017 година, а сѐ почесто се зборува за негово заминување во Саудиска Арабија. Медиумите на Островот тврдат дека холандскиот тренер Арне Слот веќе нашол замена за Салах, а тоа би требало да биде напаѓачот на Брентфорд, 25-годишниот Камерунец Брајан Мбеумо. Оваа сезона во Премиер лигата постигна 14 гола и имаше три асистенции. На крајот на краиштата, тренерот Слот најмногу го користи напаѓачкото трио Коди Гакпо-Диого Жота-Луис Дијаз во својата супер-модерна фудбалска шема.
Слични новости
Фудбалските клубови потрошиле 8,59 милијарди долари на меѓународни трансфери во 2024.
Клубовите ширум светот потрошиле 8,59 милијарди долари на меѓународни трансфери во 2024 година, објави Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) во својот Глобален извештај за трансферите
Рекордна отштета на Лајпциг за Чави Симонс
Клубовите официјално не ја објавија сумата на оваа зделка, но медиумите наведуваат дека е платена отштета од 50 милиони евра
Поранешните светски прваци во уметничко лизгање Евгенија Шишкова и Вадим Наумов загинаа во авионската несреќа над Вашингтон
Во авионот кој се урна во близината на Вашингтон по судар на патнички авион со воен хеликоптер „Блек Хоук“ животот го загубија поранешните светски...