Иако оваа сезона во Лигата на шампионите и Премиер лигата постигна 22 гола и впиша 17 асистенции, египетскиот напаѓач Мохамед Салах најверојатно ќе го напушти Ливерпул, објавија британските медиуми.
Трисест идвегодишниот Салах, кој е најплатен играч на „Црвените“ со годишна плата од 22 милиони евра, има договор кој истекува на 30-ти јуни оваа година. Тренерот Арне Слот сепак упорно избегнува да одговара на новинарските прашања за иднината на египетскиот интернационалец во клубот од „Енфилд“.
Салах оваа сезона во Премиер лигата постигна 19 гола и подели 13 асистенции, додека во Лигата на шампионите постигна три гола и четири пати асистираше. Британските медиуми пишуваат дека Салах најверојатно ќе ја прифати понудата од саудискиот шампион Ал-Хилал, кој го раскина договорот со бразилската ѕвезда Нејмар.
Египетскиот напаѓач е во Ливерпул од 2017 година, а сѐ почесто се зборува за негово заминување во Саудиска Арабија. Медиумите на Островот тврдат дека холандскиот тренер Арне Слот веќе нашол замена за Салах, а тоа би требало да биде напаѓачот на Брентфорд, 25-годишниот Камерунец Брајан Мбеумо. Оваа сезона во Премиер лигата постигна 14 гола и имаше три асистенции. На крајот на краиштата, тренерот Слот најмногу го користи напаѓачкото трио Коди Гакпо-Диого Жота-Луис Дијаз во својата супер-модерна фудбалска шема.
Слични новости
Денвер ја победи Филаделфија со 8 коша на Јокиќ во последната минута
Кошаркарите на Денвер како гости утринава ја победија екипата на Филаделфија со 137:134 и така ја прекинаа низата од три порази по ред..
Евролига: Ѕвезда во последната секунда го совлада Партизан
Кошаркарите на Партизан беа домаќини на Црвена ѕвезда во 24. коло од Евролигата, а драматичниот меч беше решен дури во последната секунда
Данска ја демонтираше Португалија и ќе игра против Хрватска за златото на ракометниот мундијал
Ракометарите на Данска ја декласираа Португалија со резултат 40:27 (20:16) во полуфиналето на Светското првенство