Иако оваа сезона во Лигата на шампионите и Премиер лигата постигна 22 гола и впиша 17 асистенции, египетскиот напаѓач Мохамед Салах најверојатно ќе го напушти Ливерпул, објавија британските медиуми.
Трисест идвегодишниот Салах, кој е најплатен играч на „Црвените“ со годишна плата од 22 милиони евра, има договор кој истекува на 30-ти јуни оваа година. Тренерот Арне Слот сепак упорно избегнува да одговара на новинарските прашања за иднината на египетскиот интернационалец во клубот од „Енфилд“.
Салах оваа сезона во Премиер лигата постигна 19 гола и подели 13 асистенции, додека во Лигата на шампионите постигна три гола и четири пати асистираше. Британските медиуми пишуваат дека Салах најверојатно ќе ја прифати понудата од саудискиот шампион Ал-Хилал, кој го раскина договорот со бразилската ѕвезда Нејмар.
Египетскиот напаѓач е во Ливерпул од 2017 година, а сѐ почесто се зборува за негово заминување во Саудиска Арабија. Медиумите на Островот тврдат дека холандскиот тренер Арне Слот веќе нашол замена за Салах, а тоа би требало да биде напаѓачот на Брентфорд, 25-годишниот Камерунец Брајан Мбеумо. Оваа сезона во Премиер лигата постигна 14 гола и имаше три асистенции. На крајот на краиштата, тренерот Слот најмногу го користи напаѓачкото трио Коди Гакпо-Диого Жота-Луис Дијаз во својата супер-модерна фудбалска шема.
Слични новости
Нејмар се откажува од огромна плата за да се врати во Сантос
Бразилскиот напаѓач 32-годишниот Нејмар треба да се врати во Сантос, клубот во кој ја започна својата играчка кариера и покрај тоа што заработува неверојатни 150 милиони евра годишно во саудиски Ал-Хилал
Барселона ја декласираше Валенсија со 7:1
Фудбалерите на Барселона беа видно расположени се инспирираа и ја совладаа Валенсија со 7:1 на домашен терен во последниот натпревар во неделната програма од 21. коло од шпанската Ла Лига
Фиорентина на гости кај Лацио ја прекина серијата без победа
Во последниот натпревар од неделната програма од 22. коло во италијанското фудбалско првенство, Фиорентина го совлада Лацио со 2:1 на гостински терен и ја прекина серијата од седум натпревари без победа