Иако оваа сезона во Лигата на шампионите и Премиер лигата постигна 22 гола и впиша 17 асистенции, египетскиот напаѓач Мохамед Салах најверојатно ќе го напушти Ливерпул, објавија британските медиуми.
Трисест идвегодишниот Салах, кој е најплатен играч на „Црвените“ со годишна плата од 22 милиони евра, има договор кој истекува на 30-ти јуни оваа година. Тренерот Арне Слот сепак упорно избегнува да одговара на новинарските прашања за иднината на египетскиот интернационалец во клубот од „Енфилд“.
![Глобе Мохамед Салах](https://mlpilwjrpqeu.i.optimole.com/cb:zVRG.7fa6/w:auto/h:auto/q:mauto/ig:avif/https://globe.mk/wp-content/uploads/2025/01/Глобе-Мохамед-Салах.webp)
Салах оваа сезона во Премиер лигата постигна 19 гола и подели 13 асистенции, додека во Лигата на шампионите постигна три гола и четири пати асистираше. Британските медиуми пишуваат дека Салах најверојатно ќе ја прифати понудата од саудискиот шампион Ал-Хилал, кој го раскина договорот со бразилската ѕвезда Нејмар.
Египетскиот напаѓач е во Ливерпул од 2017 година, а сѐ почесто се зборува за негово заминување во Саудиска Арабија. Медиумите на Островот тврдат дека холандскиот тренер Арне Слот веќе нашол замена за Салах, а тоа би требало да биде напаѓачот на Брентфорд, 25-годишниот Камерунец Брајан Мбеумо. Оваа сезона во Премиер лигата постигна 14 гола и имаше три асистенции. На крајот на краиштата, тренерот Слот најмногу го користи напаѓачкото трио Коди Гакпо-Диого Жота-Луис Дијаз во својата супер-модерна фудбалска шема.
Слични новости
Горан Иванишевиќ еден од кандидатите за тренер на Јаник Синер
Италијанскиот спортски весник „Газета дело Спорт“ објави дека хрвтаскиот тениски тренер Горан Иванишевиќ е кандидат да стане тренер на светскиот рекет број 1 Јаник Синер.
Чикаго го победи Денвер и покрај новиот трипл дабл на Јокиќ
Чикаго Булс на домашен терен го совладаа тимот на Денвер Нагетс со шутерско шоу во кое играчите на домашниот тим постигнаа дури 24 тројки
На стадионите во Германија судиите на гледачите ќе ги објаснуваат одлуките на ВАР-от
Германската фудбалска лига (DFL) започнува со пилот-проект во кој судиите ќе им ги објаснуваат одлуките на ВАР прегледот на гледачите на стадионот преку звучници веќе од претстојниот викенд