Центарот на Сакраменто Кингс и репрезентативец на Литванија Домантас Сабонис делумно го искина менискусот на левото колено, а по еден месец ќе оди на повторен преглед, кога лекарите ќе утврдат дали е неопходна операција.

Доколку биде неопходен хируршки зафат Сабонис ќе отустсвува долго од терените. Во досегашниот тек од сезоната Сабонис бележеше 17 поени, 12 скока и 4 асистенции по натпревар.

Сакраменто Кингс по 15 натпревари се наоѓаат на 14-тото место на Западната конференција со само три победи.

Слични новости

Харден десетти најдобар стрелец во НБА

Харден десетти најдобар стрелец во НБА

Џејмс Харден се проби меѓу десетте најдобри стрелци на сите времиња во НБА лигата, но неговите 34 поени не беа доволни синоќа да ги одведат неговите Лос Анџелес Клиперс до победа