Кошаркарите на Сакраменто Кингс Домантас Сабонис и Зак Лавин ќе отсуствуваат од теренот до крајот на сезоната поради повреди, пренесе телевизијата ЕСПН.

Сабонис го искина менискусот на левото колено, поради што мораше да биде опериран. Лавин ја повреди тетивата на дланката и исто така беше опериран.

Сакраменто има многу лоша сезона и имаа серија од 14 порази по ред пред да биде објавена информацијата дека им се повредени двајца клучни играчи.

Сакраменто е на последното место од западната конференција со скор од 12 победи и 44 порази.

Слични новости

Крај на кариерата на Линдзи Вон

Крај на кариерата на Линдзи Вон

Последните информации се дека таа ја скршила левата нога врз која и е извршена операција. Само два месеци пред почетокот на Олимписките игри Линдзи Вон ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено