Американската администрација најави воведување на дополнителни царини од 10 до 12,5 проценти за увозот од 60 земји, вклучувајќи ја и ЕУ.  Целта на новите царини, според објаснувањето од Вашингтон е да се ограничи трговијата со принудна работа, што ѝ штети на американската трговија.

Предлогот на Канцеларијата на американскиот трговски претставник е дел од најновата истрага за нефер трговски практики, според Член 301, која беше објавена во моментот кога администрацијата на Трамп се обидува да ги врати своите вонредни царини, кои беа укинати во февруари од страна на Врховниот суд на САД, пишуваат британските медиуми.

Британските медиуми пренесуваат дека објавата за новите царини доаѓа во пресрет на 24 јули кога истекува привремената царина од 10 отсто воведена од администрацијата на Трамп на 20 февруари, која американскиот Врховниот суд ја поништи според Законот за меѓународни вонредни економски овластувања.

Слични новости