Според пишувањето на „Фајненшал тајмс“ САД веројатно споделувале разузнавачки податоци со Украина и со тоа непосредно помогнале во нападите на Киев врз руски региони, вклучувајќи ја и Москва.

Како што пишува британскиот весник, американската разузнавачка поддршка можела да има важна улога во зголемувањето на ефикасноста на украинските удари длабоко внатре во руска територија. „Фајненшал тајмс“ пишува и дека европските лидери продолжуваат да вршат притисок врз Вашингтон да ја задржи помошта на Киев.

Весникот наведува дека американскиот претседател Доналд Трамп се повеќе ја зголемува поддршката за Украина, но сите ги анализираат одлуките на Трамп со голема претпазливост, затоа што е познато дека тој често ги менува мислењата.

Слични новости

Сенатoт побара од Трамп да ја запре војната во Иран, тој одговори: одлуката е безначајна и лошо темпирана

Сенатoт побара од Трамп да ја запре војната во Иран, тој одговори: одлуката е безначајна и лошо темпирана

Трамп ја оцени одлуката како „безначајна“ и „лошо темпирана“. Овие сенатори само ми ја отежнаа работата, но ќе ја завршам, на еден или друг начин, бидејќи секогаш ја завршувам, порача Трамп.

Американско-иранскиот договор го отвори расколот меѓу Трамп и Нетанјаху

Американско-иранскиот договор го отвори расколот меѓу Трамп и Нетанјаху

Преодниот договор меѓу Вашингтон и Техеран предизвика остри реакции во Израел и го отвори прашањето дали стратегиските интереси на двата најблиски сојузници на Блискиот исток сериозно се разидуваат.