Фудбалерите на САД утринава го победија Парагвај со 4:1 во првиот меч од Д групата на Светското првенство. Американците беа убедливи и лесно стигнаа до победата против Парагвај која беше извесна уште по првото полувреме по кое САД водеа 3:0.
Во седмата минута Бобадиља постигна автогол, а пота двоен стрелец за САД беше Фоларин Балогун во 31 и 45 минута.
Во второто полувреме Парагвај постигна почесен погодок во 73 минута преку Маурисио, а конечните 4:1 ги постави Џовани Реина во судиското надополнување.
Во другиот меч од оваа група играат Турција и Австралија.
Слични новости
Шпанија стана Светски шампион во фудбал
Синоќа во Њујорк заврши Светското првенство во фудбал, а нов светски првак е Шпанија која во финалето сосема заслужено ја победи Аргентина со 1:0 во продолженијата. Стрелец на победничкиот голот беше Феран Торес во 106-тата минута
Британските медиуми со остри критики за селекторот Тухел кој се повлече по водечкиот гол со Аргентина
Британските медиуми се бесни на тактиката на селекторот Томас Тухел кој по водечкиот гол одбра тактика да се брани, целосно ја препушти иницијативата на Аргентинците и се надеваше да не прими гол.
Лионел Меси ќе ја освои златната топка на Светското првенство независно од исходот на финалето
Капитенот Меси ги предводеше Аргентинците во сите натпревари и постигна 8 голови и 4 асистенции, со што го претекна Килијан Мпбапе со 8 гола и 3 асистенции.


