Американската морнарица тврди дека ја пробива блокадата во Ормутскиот теснец. Американската војска соопшти дека уништила шест ирански мали борбени бродови и пресретнала крстосувачки ракети и дронови, кои биле испукани од чуварите на исламската револуција.
Според наводите на американската централна команда, ракетите и беспилотните летала биле насочени кон бродовите што ги штитела американската морнарица за време на обидот да се обнови пловидбата низ Ормутскиот теснец.
Адмирал Бред Купер, командантот на централната команда на САД изјави дека американските сили ја победија секоја заканаи дека командантите на терен добиле овластувања да ги бранат американските единици и комерцијалната пловидба.
Тој наведе дека во операцијата учествуваат 15.000 војници, разурнувачи на американската морнарица, повеќе од 100 авиони и подводни средства.
Иранската страна ги негира тврдењата на Вашингтон. Револуционерната гарда соопшти дека комерцијални бродови не го минале Ормутскиот теснец во последните часови и дека американските тврдења не се точни. Иранските државни медиуми, исто така негираа дека се потопени ирански бродови.
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи порача дека настаните во Ормутскиот теснец покажуваат дека политичката криза не може да се реши со воена акција. Тој наведе дека преговорите, со посредување на пакистан, добро напредуваат и ги предупреди Вашингтон и Абу Даби да не дозволат повторно да бидат вовлечени во отворена војна.
Слични новости
Њујорк: Најмалку 18 жртви од студениот бран, на улиците поладно откако на Антарктик
Националната метеоролошка служба соопшти дека температурите се меѓу 10 и 15 степени под сезонскиот просек, а во сила е предупредување за екстремен студ.
Македонија тапка во место во борбата против корупцијата
Според рангирањето Северна Македонија е во друштво со Бугарија, Танзанија, Унгарија, Куба, Буркина Фасо и Гвајана.
Пешевски: Пратениците да се одважат, да изгласаат 600 евра минимална плата
Ќе продолжиме да ги блокираме и пратениците и министрите и владата и работодавачите и сите оние кои се виновни што низ годините го донесоа македонскиот работник на дното