Соединетите Американски Држави извршија нов бран воздушни напади врз ирански воени цели, соопшти американската Централна команда, наведувајќи дека биле погодени командни центри, ракетни и беспилотни системи, како и објекти за противвоздушна одбрана.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нападите се одговор на смртта на тројца американски војници во неодамнешните напади во регионот

Иран соопшти дека возвратил со напади врз два нафтени танкери во Ормускиот Теснец, како и врз американски воени цели во Бахреин и Кувајт.

Претседателот Масуд Пезешкијан изјави дека земјата води „целосна војна“ со САД, но истовремено потврди дека преку посредници сè уште се разменуваат дипломатски пораки меѓу двете страни.

 

Слични новости

Нови стравувања од ескалација: Истекува спогодбата меѓу САД и Иран, преговорите неизвесни

Нови стравувања од ескалација: Истекува спогодбата меѓу САД и Иран, преговорите неизвесни

Меморандумот за разбирање што го потпишаа САД и Иран насочен кон окончување на војната траеше 60 дена и денеска истекува. Двете страни со недели заемно се обвинуваат за кршење на договорот и има слаби сигнали дека која и да е од страните е подготвена да го продолжи договорот.