Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет денеска изјави дека САД се подготвени повторно да го нааднат Иран доколку не биде постигнат договор, додека Вашингтон и Техеран ги продолжуваат преговорите за надминување на клучните разлики кои ја блокираат спогодбата.

Хегсет порача дека Пентагон има вооружување за нов напад врз Иран повеќе од доволно, истакнувајќи дека американската војска е во „многу добра позиција“, пренесува Ројтерс.

Хегсет рече и дека САД ја зголемуваат нивната индустриска база и дека наскоро ќе произведуваат, да или три пати повеќе муниција отколку во моментов.  

Слични новости

Европскиот систем за влез и излез одбил 32.000 патници

Европскиот систем за влез и излез одбил 32.000 патници

Биометрискиот систем на ЕУ одбил влез на 32.000 патници. Oдбивањата се евидентирани во повеќе земји, вклучувајќи ги Португалија, Шпанија, Франција, Италија, Германија, Грција и Холандија, од каде најмногу влегуваат патници надвор од Шенген зоната.

Вашингтон: Времето истекува за Иран

Вашингтон: Времето истекува за Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Иран дека времето истекува за постигнување договор за крај на војната, во момент кога мировниот процес отежнато се одвива.