Американското Министерство за финансии во вторникот објави дека американскиот дел од вкупниот заем од 50 милијарди долари на групата Г7 за Украина е префрлен во посредничкиот фонд на Светска банка за економска и финансиска помош за земјата разорена од војната.

Исплатата пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп на 20 јануари е со цел да се заштитат средствата од новата републиканска администрација, од страна на сегашната на демократот Џо Бајден која во низа презема такви чекори.

Трамп повеќепати се пожали дека САД премногу ѝ помагаат на Украина и најави дека брзо ќе ја заврши војната, но не и како ќе го направи тоа.

Заемот од 50 милијарди долари во период од 30 години ќе се сервисира со приходи од камати од околу 300 милијарди долари замрзнати руски средства. Земјите во Г7 со месеци дебатираа за планот и во октомври ги договорија своите услови , непосредно пред изборната победа на Трамп.

 

Министерството за финансии на САД соопшти дека средствата се префрлени во нов фонд на Светска банка за поддршка на Украина. Извршниот одбор на глобалниот кредитор го одобри создавањето на фондот во октомври. Русија во ова тело се спротивстави.

Американската министерка за финансии Џенет Јелен лично го надгледуваше персоналот што ги префрли 20 милијарди долари во фондот на Светската банка, изјави претставник на одделот.

„Овие средства – обезбедени со неочекувани пари од имобилизирана руска сосптвеност – ќе ѝ дадат на Украина клучна поддршка додека ја брани својата земја од неиспровоцирана војна на агресија“, рече Јелен.

„Износот од 50 милијарди американски долари заеднички обезбедени од Г7 преку оваа иницијатива ќе помогне да се обезбеди Украина со потребните ресурси за одржување на службите за итни случаи, болниците и другите основи на нејзиниот храбар отпор“, додаде Јелен.

Според условите на заемот од Г7, Европската унија ќе придонесе 18,115 милијарди евра, Канада со пет милијарди канадски долари (3,52 милијарди долари), Велика Британија 2,258 милијарди фунти (2,88 милијарди долари) и Јапонија 471,9 милијарди јени (3,11 милијарди долари).

globe

Слични новости

Спор околу Starlink, Рубио ѝ порача на Полска да биде благодарна

Спор околу Starlink, Рубио ѝ порача на Полска да биде благодарна

Американскиот државен секретар Марко Рубио во неделата го обвини полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски дека „измислува работи“ и рече дека е неблагодарен, откако Сикорски рече дека Украина можеби ќе треба да бара алтернатива за сателитската услуга Starlinк