Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денеска изјави дека Иран мора значително да ги намали капацитетите за нуклеарно збогатување за да постигне договор со Америка со што би се окончала седуммесечната војна
„Нема да менуваме зборови за дела“, рече Венс во интервју за Ројтерс и додаде дека Техеран би морал да преземе конкретни чекори во врска со нуклеарната програма, а не да нуди уверувања за идно намалување на активностите.
„Доколку навистина не сакате нуклеарно оружје, зошто ви е потребно нуклеарно гориво збогатено за 60 насто?“, прашува Венс.
Венс наведе дека САД преговараат со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан и министерот за надворешни работи Абас Аракчи, но дека Вашингтон не е сигурен колкави се нивните овластувањаво иранската структура на власта по убивањето на врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи во американско-израелските напади на почетокот на војната.
Американскиот претседател Доналд Трамп на отфрли најновата понуда за кир на Техеран и предупреди дека Вашингтон би можел да ги продолжи нападите врз Иран по американски избори на средина од мандатот.
Слични новости
Колумбија: Најмалку 265 мртви во разурнувачкиот земјотрес, прогласена вонредна економска ситуација
Најмалку 265 луѓе се погинати, а близу 3.500 луѓе се повредени во земјотресот со силина од 7,4 степени според Рихтеровата скала што го погоди западот на Колумбија, соопшти денеска колумбискиот претседател Абелардо де ла Еспријела.