Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп му понуди на Иран план за прекин на огнот од 15 точки.

Планот му беше доставен на Иран од посредници од Пакистан, кои понудија да бидат домаќини на обновени преговори меѓу Вашингтон и Техеран.

Меѓу 15-те точки, првите пет се однесуваат на нуклеарниот сектор. Вашингтон бара Иран никогаш да не се обидува да се здобие со нуклеарно оружје, да го предаде целото збогатено нуклеарно гориво на датум утврден од страните, како и да бидат демонтирани неколку клучни нуклеарни објекти и инсталации.

Иран ќе треба исто така да се откаже од поддршката за групи и да престане да финансира или вооружува организации како Хезболах или Хамас.

Предвидени се и ограничувања за бројот на ракети со кои земјата може да располага, како и за нивниот дострел.

Дополнително, Ормускиот Теснец низ кој минуваат околу 20 проценти од светските испораки на фосилни горива, ќе мора да остане отворен за пловидба.

Во меѓувреме, американската војска се подготвува да распореди најмалку 1.000 војници на Блискиот Исток во наредните денови, војниците би ги надополниле околу 50.000 војници што веќе се наоѓаат во регионот.

 

Слични новости

Уапсен Артан Груби

Уапсен Артан Груби

Артан Груби рано утринава бил уапсен на граничниот премин Блаце, при обид за влез во Македонија од Косово, соопшти МВР. За Артан Груби од претходно е одредена и мерка притвор.

Иран се подготвува за напад од САД

Иран се подготвува за напад од САД

Додека САД го засилуваат своето воено присуство на Блискиот Исток во последните денови, Иран презема низа чекори што укажуваат дека е подготвен за потенцијален вооружен конфликт, од обнова на ракетни објекти до понатамошно идентификување на нуклеарни локации.