Aмериканскиот министер за финансии Скот Бесент предупреди дека САД се подготвуваат да го засилат економскиот притисок врз Иран, велејќи дека републиканската администрација подготвува акција што ќе биде „финансиски еквивалент“ на кампањата за бомбардирање.

„Ја објавивме операцијата „Економски бес“ и повеќе од една година вршиме максимален притисок врз Иранците, како во блокирањето на плаќањата во иранската држава, така и во контролата на сметките на Иранската гарда.

 

 

Една од грешките што може да се покажат како фатални, што ги направија Иранците, беше бомбардирањето на нивните соседи од Советот за соработка во Персискиот Залив, кои сега се подготвени да бидат многу потранспарентни во однос на средствата или да направат подлабоко истражување на средствата што се чуваат во нивните банкарски системи.

 Затоа, им упативме барање да замрзнеме повеќе средства на раководството на ИРГК и насите членови на иранското раководство, вели Бесент.

 

Слични новости

Цените на нафтата и гасот во режим на паника

Цените на нафтата и гасот во режим на паника

Цената на нафтата Брент денеска се покачи за 4,79 насто на 96,3 долаи по барел, а сировата нафта скокна за 4,29 насто на 91 долар за барел. Експертите сметаат дека цените на енергентите на берзите и натаму се во режим на паника.