Вашингтон подготви листа на можни мерки против сојузниците во НАТО, кои според оценките на американските власти, не им пружија помош на САД во војната со Иран, пренесе Ројтерс, повикувајќи се на интерно писмо на Пентагон.

Во документот се разгледуваат политички опции како одговор на „фрустрацијата“ на Вашингтон поради одбивањето на одделни сојузници на САД да им озвоможат пристап до базите, право на распоредување сили и прелети во операциите поврзани со Иран.

Меѓу предложените мерки се спомнува и можна суспензија на Шпанија во НАТО, како и ограничување на пристапот на „проблематичните земји“ до важни позиции внатре во Алијансата.

Во меморандумот исто така се предлага преиспитување на американската дипломатскат поддршка на британските претензии врз Фолкландските острови кои се наоѓаат кај брегот на Аргентина.

Во писмото не се спонува можно излегување на САД од НАТО.

Слични новости

Трамп еднострано го продолжи примирјето со Иран

Трамп еднострано го продолжи примирјето со Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп направи нагла промена во својата политика кон Иран, откако неколку часа пред истекот на примирјето меѓу двете земји објави дека еднострано го продолжува.