Војската на САД развива планови за повлекување на сите американски војници од Сирија, објави во средата американската телевизиската мрежа NBC News, повикувајќи се на неименувани извори од Пентагон.
Според сознанијата на NBC објави дека Министерството за одбрана разгледува сценарија за повлекување на војниците од земјата во рок од 30, 60 или 90 дена.

Во моментов, САД како што признаа пред крајот на минатата година имаат до 2.000 војници распоредени во Сирија со наведена цел да го спречат повторното обновување на терористичката група Исламска држава. Претходно Вашингтон тврдеше дека во Сирија има до 1.000 свои војници. Тие ги обучуваат и вооружуваа курдските сили кои контролираат области во североисточниот дел на земјата.
За време на неговиот прв мандат, претседателот Доналд Трамп имаше планови да го прекине американското присуство во Сирија, на што се спротивстави тогашниот секретар за одбрана Џејмс Матис. Матис поднесе оставка во знак на протест кон крајот на 2018 година.
Бунтовничкиот сојуз предводен од исламистите, поранешни сунитски џихадисти блиски на Исламската држава и Ал Каеда, со помош на турските сили кои извршија инвазија во соседната земја, го собори долгогодишниот сириски секуларен претседател Башар ал-Асад од власт во декември, ставајќи крај на годините на крвава граѓанска војна што избувна по протестите поддржани од околните сунитски монархии во 2011 година.
Сега во Дамаск на власт е привремена влада. Сепак, борбите продолжуваат во некои делови од земјата, на пример на североисток меѓу курдските милиции кои им нанесуваат загуби на напаѓачките сили блиски до Турција.
Слични новости
Американската војска ги нападнаа јеменските Хути, Трамп го предупреди Иран
Американските сили во саботата започна воени удари врз позиции на јеменските бунтовници од шиитското Хутистичко движење поради нивните обновени напади врз бродови во Црвеното Море
Трамп потпиша уредба за кратење на буџетот на „Гласот на Америка“ и на шест други агенции
Некои републиканци одамна го обвинуваат „Гласот на Америка“ за пристрасност против конзервативците. Месецов Маск повика на затворање на медиумот, како и на Радио Слободна Европа.
Повеќе стотици илјади луѓе на протести во Белград
Како што јавуваат српските медиуми цел Белград е закрчен од луѓе, а во градот нема јавен превоз поради безбедносни причини од 09 часот изутрината.