Соединетите држави се подготвуваат да воспостават воено присуство во воздухопловната база во Дамаск за да го поддржат безбедносниот договор постигнат со посредство на Вашингтон меѓу Сирија и Израел, изјавиле за Reuters шест извори запознаени со ова прашање.

Претходно непријавените планови на САД за присуство во сирискиот главен град се толкуваат како знак за стратешкото поместување на актуелните исламистички власти на Сирија кон Вашингтон по минатогодишното соборувањето на секуларниот долгогодишниот претедател Башар ал-Асад, сојузник на Русија и Иран.

Базата е на влезот во делови од јужна Сирија кои треба да формираат демилитаризирана зона како дел од пактот за ненапаѓање меѓу Израел и Сирија. Тој договор е посредуван од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Во понеделник во Белата куќа Трамп ќе се сретне со сирискиот претседател Ахмед ал-Шара, поранешниот водач на џихадистичката групација Џебхат ан-Нусра, сириското крило на Ал Каеда и на ултрарарикалната сунитска групација Исламсла држава чија глава беше уценета од САД но претходно годинва беше симант од листата на најбарани лица.

Ова ќе биде прва таква посета од страна на сириски лидер на Белата куќа, на која се работи од август. Ал-Шара, инаку, кон средината на октомври престојуваше во Москва каде што се сретна со рускиот претседател Владимир Путин потврдувајќи дека Дамаск ќе ги почитува сите претходни договори со руската страна, сугерирајќи дека двете главни воени бази на Русија во Сирија се безбедни. Русија ги држи воздухопловната база Хмејмим во сириската покраина Латакија и децениската поморска Тартус на медитеранскиот брег. Русија е исто така воено присутна на аеродромот Камишли на североисток, во близина на границата со Турција и Ирак.

САД веќе имаат војници стационирани во североисточна Сирија како дел од петнаесетгодишните напор да им се помогне на опозициските сунитиски групации да го соборат рускиот сојузник ал-Асад, како и за обука на курдските сили во борбата против Исламска држава. Во април Пентагон објави дека ќе го преполови бројот на војници на 1.000.

САД со месеци работат на постигнување безбедносен договор меѓу Израел и Сирија, долгогодишни регионални непријатели, откако во 1967 година израелските трупи ја окупираа Голанската висорамнина која ја држат и денес и се обидуваат да ја анектираат оваа територија со планови за подигнивање доселенички еврејски населби. Се очекуваше да го објават договорот на Генералното собрание на Обединетите нации во септември, но преговорите заглавија во последен момент.

Сириски извор запознаен со разговорите изјавил за Reuters дека Вашингтон врши притисок врз Сирија да постигне договор до крајот на годината, можеби пред патувањето на ал-Шара во Вашингтон.

globe

Слични новости

Бела куќа: Претставници на САД и Украина одржаа продуктивна средба во Мајами, закажани натамошни разговори

Бела куќа: Претставници на САД и Украина одржаа продуктивна средба во Мајами, закажани натамошни разговори

Специјалниот пратеник на претседателот на САД, Доналд Трамп, Стив Виткоф одржа продуктивни разговори со високиот преговарач од Украина, Рустем Умеров, во Мајами, Флорида, соопшти претставник на Белата куќа

Зеленски го отстрани Јермак и од Советот за национална безбедност и од врховната команда

Зеленски го отстрани Јермак и од Советот за национална безбедност и од врховната команда

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши својот поранешен шеф на кабинетот, Андриј Јермак, од Советот за национална безбедност, во екот на обемната истрага за корупција што го потресе Киев