САД ја одобрија продажбата на 500 ракети-пресретнувачи „Патриот“ (PAC-3) за Украина, во вредност од 2,1 милијарди долари, во момент кога земјата се соочува со засилени руски воздушни напади. Сепак, украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека за испораката на ракетите би можеле да бидат потребни и неколку години.

Американскиот Стејт департмент соопшти дека набавката целосно ќе биде финансирана од европските сојузници на Украина и Канада, без користење американски средства.

Плаќањето ќе се реализира преку донации од Канада, Германија и Норвешка, програмата JUMPSTART, како и национални средства финансирани преку заемот на Европската Унија за поддршка на Украина.

Главен изведувач на договорот ќе биде американската компанија „Локхид Мартин“. Од Стејт департментот оценуваат дека продажбата ќе придонесе за остварување на американските надворешнополитички и безбедносни цели, преку зајакнување на одбраната на Украина и стабилноста во Европа.

Зеленски ја поздрави одлуката на Вашингтон, но порача дека на Украина ѝ се потребни ракетите веднаш, а не по неколку години. Тој повторно побара од САД да ја забрзаат испораката на противвоздушните системи, кои се меѓу ретките ефикасни средства за пресретнување на руските балистички ракети.

 

Слични новости

Нови протести во Франција: 70 000 полицајци подготвени за интервенција

Нови протести во Франција: 70 000 полицајци подготвени за интервенција

Демонстрациите се одржуваат на Ноќта на вештерките, две недели по нередите и кражбите кои ги затекнаа безбедносните сили неподготвени и оставија оштетени продавници, јавни установи и деловни објекти во градовите низ Франција.

Цената на гасот во Европа на највисоко ниво од декември 2022

Цената на гасот во Европа на највисоко ниво од декември 2022

Европските фјучерси за гас за ноември на амстердамската берза достигнаа цена од 99 евра за мегават час, односно околу 1.040 евра за 1.000 кубни метри гас. Со тоа цената на гасот во Европа го достигна највисокото ниво за последните четири години.

Нетанјаху победник без мнозинство за формирање влада, Шин Бет истражува странско мешање во изборите во Израел

Нетанјаху победник без мнозинство за формирање влада, Шин Бет истражува странско мешање во изборите во Израел

Претседателот на Изборната комисија на Израел Ноам Солберг побара од израелската безбедносна служба Шин Бет да ги испита наводите за странско мешање во изборите кои беа одржани во вторникот