САД ја одобрија продажбата на 500 ракети-пресретнувачи „Патриот“ (PAC-3) за Украина, во вредност од 2,1 милијарди долари, во момент кога земјата се соочува со засилени руски воздушни напади. Сепак, украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека за испораката на ракетите би можеле да бидат потребни и неколку години.
Американскиот Стејт департмент соопшти дека набавката целосно ќе биде финансирана од европските сојузници на Украина и Канада, без користење американски средства.
Плаќањето ќе се реализира преку донации од Канада, Германија и Норвешка, програмата JUMPSTART, како и национални средства финансирани преку заемот на Европската Унија за поддршка на Украина.
Главен изведувач на договорот ќе биде американската компанија „Локхид Мартин“. Од Стејт департментот оценуваат дека продажбата ќе придонесе за остварување на американските надворешнополитички и безбедносни цели, преку зајакнување на одбраната на Украина и стабилноста во Европа.
Зеленски ја поздрави одлуката на Вашингтон, но порача дека на Украина ѝ се потребни ракетите веднаш, а не по неколку години. Тој повторно побара од САД да ја забрзаат испораката на противвоздушните системи, кои се меѓу ретките ефикасни средства за пресретнување на руските балистички ракети.
Слични новости
Епидемијата на ебола најтешка во историјата на Конго
Според најновиот извештај на институтот за јавно здравје, во земјата се регистрирани 8.067 случаи на ебола од која досега починаа 3,901 лице, пренесе Ројтерс.
Иран и ги изнесе условите на Америка за отварање на Ормутскиот теснец
Како што пренесува Ројтерс, условите вклучуваат итно укинување на поморската блокада, одмрзнување на иранските финансиски средства и окончување на воените дејства на сите фронтови.
Трамп повторно му се закани на Иран дека ќе го дигне во воздух комплексот Пикекс
Претседателот на САД Доналд Трамп повторно се закани со напад врз иранскиот комплекс Пикекс, утврден подземен објект во близина на нуклеарната постројка во Натанц, за кој постои сомнение дека е поврзан со иранската нуклеарна програма.


