САД ја одобрија продажбата на 500 ракети-пресретнувачи „Патриот“ (PAC-3) за Украина, во вредност од 2,1 милијарди долари, во момент кога земјата се соочува со засилени руски воздушни напади. Сепак, украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека за испораката на ракетите би можеле да бидат потребни и неколку години.
Американскиот Стејт департмент соопшти дека набавката целосно ќе биде финансирана од европските сојузници на Украина и Канада, без користење американски средства.
Плаќањето ќе се реализира преку донации од Канада, Германија и Норвешка, програмата JUMPSTART, како и национални средства финансирани преку заемот на Европската Унија за поддршка на Украина.
Главен изведувач на договорот ќе биде американската компанија „Локхид Мартин“. Од Стејт департментот оценуваат дека продажбата ќе придонесе за остварување на американските надворешнополитички и безбедносни цели, преку зајакнување на одбраната на Украина и стабилноста во Европа.
Зеленски ја поздрави одлуката на Вашингтон, но порача дека на Украина ѝ се потребни ракетите веднаш, а не по неколку години. Тој повторно побара од САД да ја забрзаат испораката на противвоздушните системи, кои се меѓу ретките ефикасни средства за пресретнување на руските балистички ракети.
Слични новости
Александар Вучиќ призна пораз
Набргу по затварањето на гласачките места и објавувањето на првите неофицијални резултати носителот на листата „Обединета Србија“ Александар Вучиќ...
Рекорден одзив на парламентарните избори во Србија, огромен број неправилности и инциденти на гласањето
Изборите во Србија се третираат како историски, а директен судир на изборите има Студенстката листа по две години протести на студентите на улиците и СНС на актуелниотпретседател Александар Вучиќ кој е веќе 14 години на власт.
Денеска прв круг од претседателските избори во Бугарија
Во Бугарија денеска се одржуваат претседателски избори на кои 6,59 милиони граѓани имаат право да гласаат за нов претседател и потпретседател на државата. На изборите учествуваат 27 кандидати за претседател на државата.


