САД одобрија продажба на оружје за Германија во вредност од околу 10 милијарди евра, соопшти американскиот Стејт департмент. Одобрението, како што наведува Вашингтон е дел од зајакнувањето на капацитетите на НАТО сојузниците, пренесе германскиот весник „Шпигл“.
Продажбата мора да биде одобрена од американскиот Конгрес, кој има право да вложи пригорови врз продаѓбата на оружјето.
Планираниот пакет оружје содржи модерни радарски системи и лансери за ракети, како и осум интегрирани системи за управување со борба.
Слични новости
Брисел размислува да го укине ветото
Европската унија ја разгледува можноста за укинување на правото на вето во сферата на надворешната и безбедносната политика, изјави високата претставничка за надворешна политика на ЕУ Каја Калас.
Пентагон предупредува на можност од војна во САД
Новата национална одбранбена стратегија на САД предупредува дека идните судири би можеле да се водат не само надвор од границите на САД, туку и директно на американска почва, пренесе Фокс њуз.
САД денеска и формално се повлекоа од Париската климатска спогодба
Америка денеска и формално се повлече од Париската климатска спогодба, клучната меѓународна рамка за борба против глобалното затоплување.


