Соединетите држави прелиминарно одобрија грантови од 225 милиони долари за германскиот добавувач на автомобили „Bosch“ за производство на чипови во фабрика во американската сојузна држава Калифорнија, објави во петокот Министерството за трговија.
Вашингтон ја поддржува планираната инвестиција на „Bosch“ од 1,9 милијарди долари во адаптација на фабрика во калифорнискиот град Роузвил за производство на чипови од силикон карбид, клучни за електричните автомобили, со таа сума, соопшти Министерството.
На „Bosch“, исто така, му се понудени и околу 350 милиони американски долари државни заеми за проектот за прилагодување на погоните.
Министерството го поддржува вложувањето на „„Bosch“ со пари од фондот за субвенционирање на домашно производство на полупроводници и истражувања, формиран во 2022 година. Официјалните лица побрзаа да ги финализираат условите за големите заеми со оглед на скорешната промена на власта во САД.
Во „Bosch“ очекуваат производството на чипови на 200-милиметарски плочки во пострјката во Роузвил да започне во 2026 година.
Чиповите од силициум карбид се клучни компоненти за автомобилската, телекомуникациската и индустријата за оружје. Тие трошат помалку енергија и се клучни за подобрување на ефикасноста на возењето и полнењето на електрични возила, објави Министерството.
Германскиот добавувач на автомобилска опрема ја купи клучната сопственост на „TSI Semiconductors“ со седиште во Калифорнија во 2023 година и најави дека производството на чипови „многу ќе зависи од можностите за државното финансирање“.
Слични новости
Волстрит нагло падна по пораката на Fed
На Волстртит цените на акциите нагло паднаа во средата, при што индексот Dow Jones се лизна десетти ден со ред, откако челниците на американската централна банка порачаа дека треба да биде забавено темпото на намалување на каматните стапки
Цените на нафтата благо пораснаа кон 74 долари
Цените на нафтата се зголемија во средата, поддржани од податоците за падот на залихите на сурова нафта во САД, додека инвеститорите претпазливо го очекуваат потенцијалното дополнително намалување на стапката на централната банка на САД
Светската побарувачка на јаглен руши рекорди
Побарувачката ќе остане релативно стабилна до крајот на 2027 година, бидејќи обновливите извори на енергија играат сè поголема улога во производството на електрична енергија